Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
14.05.2016 22:44 - Имаше една историја
Автор: cernodrimski Категория: Лични дневници   
Прочетен: 656 Коментари: 0 Гласове:
0



 

 

Имаше една историја на грев и пекол

Каде и на птиците им беше туѓо злото што се влечеше

Имаше

Имаше и божемно Светци кои се покоруваа пред полноќ

На бигорни камења

 

Имаше и бавни чекори во далечините

Каде животот на зајдисонце умираше,помодруваше и се грчеше

Неверуваќи дека дивите брчки се само нарачани злодела

Којзнае ,можеби само спиел во утрините.

 

Гледаш ли..ќе кажела девојката на полноќ

За тебе само орлите ќе раскажуваат

гледаш ли..сенките со неспокојството не буричкаат и обајцата

и гревот и пеколот да го провираме низ вените

 

молчеле,со молкот биле призраци

испокината дилема се спровирала меѓу нив

кој е тука грешник,које  тука светец,а кој се стрви на труло месо

и кој сонува мртов сон кој се коти во ниедно време.

 

Толку

Негледав веќе во историјата

Судбината ли

Па таа ти е само орудие во рацете на Човекот




Гласувай:
0



Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Търсене

За този блог
Автор: cernodrimski
Категория: Лични дневници
Прочетен: 286950
Постинги: 122
Коментари: 15
Гласове: 137
Календар
«  Април, 2024  
ПВСЧПСН
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930