Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
20.05.2016 00:34 - Во кошула на Младоженец
Автор: cernodrimski Категория: Лични дневници   
Прочетен: 635 Коментари: 0 Гласове:
0

Последна промяна: 20.05.2016 00:37

Постингът е бил сред най-популярни в категория в Blog.bg

Во кошула на Младоженец

 

 

Остана недозреаната младост да чмае во мене

Со години,

Правеќи  темна дамка на Белината од денот,

Мислев

Дека подземниот заборав ќе ја прекрие,

Или првиот ден на Пролета ќе ја натера да воскресне.

 

А таа,меретната

Совест да ја наречам

Знаеше

Кога си играв со оган

Да ми ги бриши солзите на пониженоста

Или

Кога се спогодував со камењата

Ми ги ширеше рацете за Опрост.

 

Ама ете

Започна се да одминува

Ѕвездите заличуваа на Сребрени пајаци кога ги гледав

Врзани во Бескрајот со Сребрени нишки

Но

Очите не ми солзеа

Ни пак сум гладен

Ни пак ми се спие

Се откопувам себеси да знаете од песок,или ова е иловица

Во калиштата го барам срцето

И со стврднат јазик од осамата шепотам

 

Знам

Судбината мене не ми предвидела засолниште во судниот час

Ме оскрби,ама ете и таа се запусти

Мртвото огниште го разјадува лишајот на отуѓување

Ги наслушнувам тишините на далечините доаѓаат

И за прв пат

Ќе ја пијам лакомо ѕвездената светлина

Во кошула на Младоженец

Помлад од својата некогашна Младост

 

 

 

 



Тагове:   poezia,


Гласувай:
0



Няма коментари
Търсене

За този блог
Автор: cernodrimski
Категория: Лични дневници
Прочетен: 286895
Постинги: 122
Коментари: 15
Гласове: 137
Календар
«  Април, 2024  
ПВСЧПСН
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930