Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
14.05.2016 22:47 - твојот голем сон те чека нестрпливо
Автор: cernodrimski Категория: Лични дневници   
Прочетен: 636 Коментари: 0 Гласове:
0



 Дождот само што не почна да врни,а Јас седев повторно на истото место на Кејот,исто како пред дваесет и неколку години во минатото,но сега Сам..седев гледаќи ги брановите на Вардар..чудно,беа исти како и порани,диви и непокорени,немирни со многу скриена сила во себе..седев гледаќи ги..незнам колку време измина откако дојдов тука..не ни забележав дека некој исто како мене седи во близина и гледа во истите бранови..мирисот на запалена цигара ме натера да се свртам...седеше,да седеше блиску до мене..човек,со чуден израз на лицето..немаше никаква трага на тага,ни пак очај..блескот во неговите очи зборуваа дека е среќен..да среќен.ме погледна,и од тој поглед морниците се разбудија во мене..молчеше и ме гледаше,се до моментот кога посакав да запалм цигара,но беше побрз..ја извади кутијата цигари и ме понуди

-земи..знам дека сакаш ги пластиш тие црни пластови во твојата душа..

-интересно..

-да интересно е што сеуште гледам дека пламти оганот во твоето срце,а ти ..ти го гасниш секој ден со твојата тага..

Замолчиш,незнаев што да му одговорам.

-ќе ти кажам само едно..продложи..плашисе само од човекот кој нема веќе што да изгуби во својот живот..

-но јас мислам дека изгубив се..ги изгубив и соништата..

-не..не си во право,рече..ги изгуби туѓите,зошто сонуваше некои непознати матни сништа..а твоите,твоите ти се на допирот од раката..

-не ве разбирам..

-изгуби,нешто што никогаш небеше твое..така да и оваа твоја тага е бесцелна..

Ме фати за рака креваќиме од ладните скали,а и да не ми речеше,ќе морав да станам,бидеќи ситните капки дожд веќе започнаа да паѓаат.

-ајде оди..напред..твојот голем сон те чека нестрпливо..

Чудно,се изгуби премногу бргу од мојот поглед..останавме Јас и дождот кој паѓаше.




Гласувай:
0



Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Търсене

За този блог
Автор: cernodrimski
Категория: Лични дневници
Прочетен: 286712
Постинги: 122
Коментари: 15
Гласове: 137
Календар
«  Април, 2024  
ПВСЧПСН
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930